Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Софија Ѓорчева од Кавадарци блесна во Несебар: Освои три медали и златен пехар на престижниот меѓународен натпревар!

Gladiator 09/07/2026

Младата математичарка Софија Ѓорчева од Кавадарци продолжува да ги ниже успесите на меѓународната сцена. На финалето на престижниот натпревар „Математика без граници“, кое се одржа во Несебар, Бугарија, таа оствари извонреден резултат, освојувајќи три значајни признанија и уште еднаш потврдувајќи дека припаѓа на самиот врв меѓу младите математички таленти.

Во силна меѓународна конкуренција, Софија го освои златниот пехар во најпрестижната категорија „Ludovico Ferrari“, златен медал во тимската конкуренција и сребрен медал во индивидуалното финале. Овие достигнувања се резултат на долгогодишна посветеност, континуирана работа и исклучителни математички способности.

До настапот во финалето таа стигна по четири квалификациски циклуси, во кои секојпат беше наградена со златен медал. На натпреварот учествуваа илјадници ученици од 46 држави, што дополнително ја нагласува тежината и вредноста на нејзиниот успех.

Љубовта на Софија кон математиката започнала уште во четврто одделение. Оттогаш редовно освојува максимален број поени на општинските и регионалните натпревари, има бројни државни признанија и е редовен учесник на Македонската математичка олимпијада, каде што постојано ги потврдува своите знаења и способности.

Покрај домашните успеси, Софија е и сребрена медалистка на меѓународниот натпревар International Youth Math Challenge (IYMC), каде што го постигна најдобриот резултат меѓу сите натпреварувачи од Македонија.

Нејзиниот најнов успех претставува уште една потврда дека упорноста, трудот и знаењето носат врвни резултати. Софија Ѓорчева е вистински пример за младите генерации и гордост не само за Кавадарци, туку и за цела Македонија.

Веста ја пренесува Crnobelo.com

Tags: медали Несебар пехар Софија

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Дрога во напуштен подрум во Аеродром: Полицијата откри екстази, марихуана и халуциногени печурки!
Next: (ФОТО) Македонски шампион во светска конкуренција: Коста Попристовски од Богданци го освои врвот на „Математика без граници“!

Најново

  • (ВИДЕО) Чудна сцена на сред улица: Погледнете што се случува на моторот!
  • (ФОТО) Голема загуба за македонското образование: Почина познатиот професор!
  • За прво дете 507.500 динари, за четврто над 3 милиони дели Србија
  • Трамп: Ако победиме на изборите, ќе поделам по 5.000 долари на секој возрасен Американец
  • Познат албански пејач застрелан кај Арачиново

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Чудна сцена на сред улица: Погледнете што се случува на моторот!

(ВИДЕО) Чудна сцена на сред улица: Погледнете што се случува на моторот!

10/09/2026
(ФОТО) Голема загуба за македонското образование: Почина познатиот професор!

(ФОТО) Голема загуба за македонското образование: Почина познатиот професор!

10/09/2026
За прво дете 507.500 динари, за четврто над 3 милиони дели Србија

За прво дете 507.500 динари, за четврто над 3 милиони дели Србија

10/09/2026
Трамп: Ако победиме на изборите, ќе поделам по 5.000 долари на секој возрасен Американец

Трамп: Ако победиме на изборите, ќе поделам по 5.000 долари на секој возрасен Американец

10/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Чудна сцена на сред улица: Погледнете што се случува на моторот!
  • (ФОТО) Голема загуба за македонското образование: Почина познатиот професор!
  • За прво дете 507.500 динари, за четврто над 3 милиони дели Србија
  • Трамп: Ако победиме на изборите, ќе поделам по 5.000 долари на секој возрасен Американец
  • Познат албански пејач застрелан кај Арачиново

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.