Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Македонски шампион во светска конкуренција: Коста Попристовски од Богданци го освои врвот на „Математика без граници“!

Gladiator 09/07/2026

Богданци има нов математички шампион. Тринаесетгодишниот Коста Попристовски, ученик во ООУ „Петар Мусев“, освои златен медал, шампионски пехар и прво место на престижниот меѓународен натпревар „Математика без граници“, во категоријата „Ludovico Ferrari“.

Големиот успех беше постигнат на финалниот натпревар што се одржа на 6 јули во Несебар, Бугарија, каде учествуваа ученици од 42 земји. Во силна меѓународна конкуренција, Коста се издвои како најдобар натпреварувач во категоријата по алгебра „Ludovico Ferrari“, освојувајќи ја шампионската титула.

Коста има 13 години и неодамна го заврши седмото одделение во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци со одличен успех. Со својата посветеност и извонредни резултати уште еднаш покажа дека македонските ученици можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

Во истата категорија настапи и талентираниот математичар Македон Димитровски од Тетово, кој освои второ место и сребрен медал, додека Коста се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Покрај сертификатот за прво место, Коста беше награден и со златен медал и победнички пехар, како најуспешен натпреварувач во својата категорија.

Ова е само една од низата негови успеси во текот на оваа година.
Со овие резултати, Коста Попристовски уште еднаш го потврди својот исклучителен талент и ја претстави Македонија на најдобар можен начин, носејќи ново меѓународно признание и голема гордост за Богданци и за целата држава.

Веста ја пренесува Gevgelijanet.com

Tags: коста математика натпревар

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Софија Ѓорчева од Кавадарци блесна во Несебар: Освои три медали и златен пехар на престижниот меѓународен натпревар!
Next: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) Опасна граната тешка околу 45 килограми беше извлечена од Вардар близу Неготино!

Најново

  • (ВИДЕО) Чудна сцена на сред улица: Погледнете што се случува на моторот!
  • (ФОТО) Голема загуба за македонското образование: Почина познатиот професор!
  • За прво дете 507.500 динари, за четврто над 3 милиони дели Србија
  • Трамп: Ако победиме на изборите, ќе поделам по 5.000 долари на секој возрасен Американец
  • Познат албански пејач застрелан кај Арачиново

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Чудна сцена на сред улица: Погледнете што се случува на моторот!

(ВИДЕО) Чудна сцена на сред улица: Погледнете што се случува на моторот!

10/09/2026
(ФОТО) Голема загуба за македонското образование: Почина познатиот професор!

(ФОТО) Голема загуба за македонското образование: Почина познатиот професор!

10/09/2026
За прво дете 507.500 динари, за четврто над 3 милиони дели Србија

За прво дете 507.500 динари, за четврто над 3 милиони дели Србија

10/09/2026
Трамп: Ако победиме на изборите, ќе поделам по 5.000 долари на секој возрасен Американец

Трамп: Ако победиме на изборите, ќе поделам по 5.000 долари на секој возрасен Американец

10/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Чудна сцена на сред улица: Погледнете што се случува на моторот!
  • (ФОТО) Голема загуба за македонското образование: Почина познатиот професор!
  • За прво дете 507.500 динари, за четврто над 3 милиони дели Србија
  • Трамп: Ако победиме на изборите, ќе поделам по 5.000 долари на секој возрасен Американец
  • Познат албански пејач застрелан кај Арачиново

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.