Фото: Принтскрин
Еврокомесарката за проширување на Европската унија (ЕУ), Марта Кос кажа дека Македонија може да направи чекор напред кон членство во унијата, но мора претходно да ги направи уставните измени.
Кос кажа дека ЕУ до 2028 година би можела да добие нова членка и кажа дека Македонија треба да е меѓу земјите кои напредуваат најбрзо.
„Има сериозни шанси до 2028 година ЕУ да добие нова земја членка, а таа да биде од Западен Балкан. Македонија треба да биде меѓу тие кои се движат напред. Имате место во ЕУ и дозволете ни да работиме заедно“, кажа Кос.
