Вознемирувачко видео кое деновиве масовно се споделува на социјалните мрежи предизвика силни реакции во јавноста, откако на него е снимен инцидент во Шабац, во кој жена физички и вербално напаѓа дете.
Според снимката, покрај тоа што му упатува тешки навреди, пцовки и закани, жената во повеќе наврати му удира и шамари на малолетникот. На видеото се слушаат и закани по неговиот живот, како и навредливи и дискриминаторски изрази. Исто така таа му наредува да го тргне моторот, заканувајќи се дека ќе го искрши.
Објавеното видео предизвика лавина реакции и осуди на социјалните мрежи. Голем број граѓани побараа итна реакција од надлежните институции, оценувајќи дека ваквото однесување кон малолетно лице е недозволиво и мора да биде санкционирано.
Засега не се познати сите околности под кои се случил инцидентот, ниту дали против жената ќе биде покрената официјална постапка. Случајот продолжува да ја бранува јавноста, која бара одговорност и соодветна заштита на детето.
Веста ја пренесува Podzemje.mk
