Фото: Принтскрин
Денеска пристигнаа екипи на Град Скопје со цел да постават ограда и да го затворат нелегалниот премин на Бит Пазар, но се соочија од отпор од група демонстранти.
Тие застанаа на преминот и не дозволуваа да се затвори преминот кој создава големи метежи на Бит Пазар.
Иако преминот е нелегален, а во близина има неколку други опции за преминување на улицата, сепак одредени лица сметаат дека треба и понатаму да продолжат да го користат овој премин.
