Фото: Принтскрин
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска кажа дека очекува одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со која ќе с енамалат цените на горивата.
„Очекуваме одлука со која ќе имаме намалување на цената на дизелот за 2,5 денари, а на бензините за 1,5 денари“, кажа Мицкоски.
Доколку се оствари прогнозата, тогаш БС-95 ќе чини 82 денари за литар, додека БС-98 ќе се продава по цена од 84 денари. Дизелот би чинел 95,5 денари за литар.
