Фото: Принтскрин
Поранешниот ирански министер за надворешни работи, Камал Харази почина по тешките повреди со кои се здоби за време на воздушните напади.
Харази беше повреден пред неколку дена во израелско-американските напади, информираат од Иран.
Тој беше министер за надворешни работи од 1997 до 2005 година, а последна функција му беше советник на долгогодишниот ирански врховен лидер ајатолах Али Хамнеи.
