Фото: Принтскрин
Украина и Русија тргнаа кон потенцијален договор за крај на војната, објави „Блумберг“ и се повика на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Кирило Буданов кажал дека гледа напредок во преговорит, но одби да открие детали за тоа како ќе изгледа можниот компромис околу територијата.
„Уште не е донесена конечна одлука, но сите јасно ги разбираат границите од тоа што е прифатливо. Ова е голем напредок“, кажа Буданов.
