Фото: Принтскрин
Израел продолжува со нападите на Хезболах, кажа премиерот Бенјамин Нетанјаху во вонредното обраќање до јавноста.
„Во Либн нема примирје. Продолжуваме со силните удари на Хезболах и нема да запреме додека не ја обезбедиме вашата безбедност. Нашите успеси, и во Иран и против силите на злото, нè донесоа до историска промена на положбата на Израел во регионот“, кажа Нетанјаху.
