Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп по објавата на прекинот на огнот со Иран кажа дека нема сомнеж во победата на САД.
Тој кажа дека иранскиот збогатен ураниум е „совршено згрижен“ во рамки на договорот.
„Во спротивно не би се договорил“, кажа Трамп и не откри повеќе детали за договорот.
Трамп посочи дека најверојатно и Кина интервенирала кај Иран за да се постигне мир.
