Професорот Златко Илијоски предупредува дека на депонијата во Јегуновце се складирани околу 7.000 тони шестовалентен хром, материјал кој мора да се третира како високоопасен отпад. Според неговите проценки, на локацијата има приближно 1,1 милион кубни метри материјал, односно повеќе од два милиони тони, што ја прави секоја интервенција не само финансиски скапа, туку и технички многу сложена.
Загриженоста не е само во бројките, туку и во самата локација на депонијата. Експертите кои ја следат ситуацијата со години предупредуваат дека таа се наоѓа во чувствителен хидрогеолошки појас, во близина на Жеденскиот масив и изворот Рашче. Ова создава сериозно прашање за потенцијалниот ризик врз подземните води кои го снабдуваат главниот водоводен систем на Скопје, што може да има долгорочни последици по здравјето на населението.
Веста ја пренесува Racin.mk
