Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека Иран не смее да има нуклеарно оружје, односно посочи дека не смее „да заврши во раце на лудаци“.
Трамп повтори дека во Иран доаѓа до „промена на режимот“ и дека морале да преземат акција со Израел.
„Луѓето кои сега се таму се поразумни од лудаците кои ги имаа во првата и втората фаза. Тие беа лудаци, а луѓето со кои сега преговараме во име на Иран се поразумни“, кажа Трамп.
