Фото: Принтскрин
Македонскиот доктор Владимир Чадиковски објави дека имал специфичен зафат, односно оперирал срце кај бебе тешко само 2,5 килограми.
„По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2,5 кг и по 11 дена поминати на ЕСМО (машина што ги заменува срцето и белите дробови)… денес, за првпат во Македонија, детето успешно е одвоено од машината“, објави докторот.

