Фото: Принтскрин
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе нова одлука со која се зголемуваат цените на нафтените деривати во земјава.
Според одлуката, малопродажните цени бележат просечно зголемување од 1,41 проценти во однос на претходната одлука донесена на 30 март 2026 година. Во пресметката и понатаму се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10 проценти (освен за мазутот), како и намалените акцизи – за дизелските горива за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денари по литар.
Новите цени ќе важат од 7 април 2026 година од 00:01 часот, при што максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
– Еуросупер БС-95: 83,50 денари за литар
– Еуросупер БС-98: 85,50 денари за литар
– Дизел гориво: 98,00 денари за литар
– Еуродизел БС (Д-Е V): 95,50 денари за литар
