Новиот возен ред на ЈСП Скопје предизвика сериозно незадоволство кај граѓаните. Патници се жалат дека автобусите доцнат или доаѓаат преполни, што ги принудува да чекаат и по два часа на станицата.
„Се чувствуваме како да нема систем“, велат луѓето кои секојдневно користат јавен превоз. Некои истакнуваат дека оваа ситуација создава стрес, особено за оние кои мораат да стигнат навреме на работа или училиште.
Граѓаните очекуваат од ЈСП итни мерки за подобрување на редот на сообраќајот и обезбедување на доволен број на автобуси, особено во пик часовите.
Веста ја пренесува 4news.mk
