Фото: MKD Olympic Team
Македонската атлетика доби нов момент за паметење откако Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на трката на 10.000 метри. На Купот на Македонија, одржан на Националната арена „Тодор Проески“, тој истрча фантастично време од 29:07.94 минути.
Со овој резултат, Ивановски уште еднаш ја потврди својата класа и доминација на долги патеки, продолжувајќи го континуитетот на одлични настапи.
По учеството на Летните олимписки игри во Париз 2024, неговата форма е во постојан подем, а новиот рекорд е доказ за посветената работа и напредокот што го бележи.
Фото: MKD Olympic Team
