Фото: Принтскрин
Градоначалникот на општина Брод, Милан Зечевиќ кажа дека трите деца на загинатиот свештеник Ненад Митриќ во БиХ се во стабилна здравствена состојба.
„Во постојана комуникација сум со директорот на болницата во Славонски брод, децата се наоѓаат во стабилна состојба, но сè уште се под медицински надзор поради тешките повреди“, открива Милан.
Свештеникот Ненад и сопругата Недељка загинаа во страшна сообраќајка која се случи пред два дена околу 20 часот кога со автомобилот удриле во камион.
Во меѓувреме беше почната и хуманитарна акција во која се собираа пари за децата.
