Фото: Принтскрин
Претседателот на Русија, Владимир Путин разговарал на телефон со првиот човек на Турција, Реџеп Таип Ердоган, а во центар на внимание била ситуацијата на Блискиот Исток.
Лидерите на двете земји констатирале дека е потребно постигнување на мир на Блискиот Исток и се заложиле за постигнување на компромис кој е во интерес на сите земји во регионот.
Путин му се заблагодарил на Ердоган и поради тоа што покажал подготвеност да помогне во одржување преговори за Украина.
Тие разговарале и за билатералните односи меѓу двете земји, но и реализација на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор.
