Фото: Saint Sava Edmonton - Свети Сава Едмонтон
Свештеникот Ненад Митриќ и неговата сопруга Недељка загинаа во тешка сообраќајка на патот Дервента – Брод во Босна и Херцеговина.
Трагедијата се случи кога возилото се судрило со камион, а аво автомобилот освен Ненад и сопругата биле и трите малолетни деца.
Децата се пренесени во болница во Славонски Брод и не се во животнозагрозувачка состојба, пишуваат босанските медиуми.
Несреќата го потресе целиот регион, а треба да се спомене дека свештеникот Ненад служел од 2022 година.
Фото: Saint Sava Edmonton – Свети Сава Едмонтон
