Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Македонија наутро“ на „МРТ“ кажа дека младите што заминале од земјата ќе сакаат да се вратат дома.
„Се планираат стимулации за зголемување на наталитетот, задржување и враќање на младите во земјата. Станува збор за мерки за ослободување на мајките од данок“, кажа Мицкоски.
Мицкоски кажа дека само дома си е дома, а според него е потребно да се создаде чувство на припадност кон татковината.
