Фото: Принтскрин
Баба Павлика Јовичиќ од Велика Плана во Србија вози трактор и на нејзини 85 години, односно сама обработува земјиште од четири хектари,
„Без трактор нема живот на село и јас така сакам да живеам. Не одам никаде без трактор“, објаснува Павлика.
Таа открива дека вози трактор уште од 1977 година, односно речиси 50 години.
„Тогаш првпат седнав на трактор и го возам постојано, еве речиси половина век. Кога им треба помош на соседите, веднаш го палам тракторот“, кажа таа.
