Фото: Принтскрин
Американската амбасада во Тирана преку социјалните мрежи предупреди дека групи поврзани со Иран би можеле да извршат напади во Албанија.
Во соопштението се наведува дека нападите може да бидат извршени на различни локации, односно потенцијални мети се трговски центри, хотели, клубови, ресторани и други локации.
„Групи поврзани со Иран може да се обидат да таргетираат субјекти поврзани со САД или елементи на иранската опозиција во Албанија. Тие, исто така, може да ги насочат своите активности кон јавни места, како туристички локации, трговски центри, хотели, клубови и ресторани“, се вели во објавата.
