Фото: Принтскрин
На денешното рочиште беа откриени нови детали на судењето против Стојанче Јовановски, откако неговата сопруга со шестгодишната ќерка скокна од балкон во Скопје.
Мартин Саздов како сведок опиша инцидент од август минатата година, кога ги пронашол Ивана и Катја на патот кон Штип, каде што Стојанче ги исфрлил од автомобил.
„Ивана беше во модрици и расоблечена. Катја ми кажа дека татко ѝ ја удирал, па им викал ‘ку*ви мали’“, раскажа Саздов.
Сведокот откри дека се зближил со Ивана по настанот и почнал врска, а Стојанче ги следел и ја навредувал починатата жена.
„Сакав да им биде убаво, да не бидат под стрес, но Ивана ми зборуваше дека Стојанче ќе нè убие двајцата. Јас ѝ кажав дека има институции кои ќе го решат проблемот. Таа ми кажа дека се чувствува посигурно со мене“, вели Саздов.
