Фото: Принтскрин
Премиерот на Ирска, Мајкл Мартин предупреди дека нафтениот шок предизвикан од американско-израелските напади ќе биде најлош во историјата.
Тој изрази голема загриженост поради влијанието на залихите и инфлацијата, па најави дека Владата постојано се советува за штедење на енергија и ги повика граѓаните рационално да трошат.
„Ова е многу сериозно, а ударот во залихите е најлош досега, дури и потежок од тоа во 1970 година. Нè погоди на два фронта. Загрижени сме, а последиците ќе бидат страшни затоа што војната предизвикува смрт и уништување, затоа бараме итно да запре војната“, кажа Мартин.
Во меѓувреме продолжуваат нападите на Израел и САД врз Иран.
