Фото: Принтскрин
Македонскиот пејач Дамјан Стојаноски објави видео со кое се потсети на детството, односно на 1997 година кога го имал првиот настап со неговиот татко Војо Стојановски.
„1997 година… Мојот прв настап на само две години, рамо до рамо со татко ми во легендарната Универзална сала. Една мисла имаме – од првиот здив, па сѐ до крајот“, напиша Дамјан.
