Фото: Принтскрин
Бугарското министерство за надворешни работи потврди дека Иран минатиот месец ги предупредил да не дозволуваат САД да ги користат воздушните аеродроми кои ќе учествуваат во воените операции во Иран.
Информацијата се појави во јавност, откако пратеникот Станислав Балабанов објави нота од 18 март, а во неа иранската влада реагира поради американските воени авиони-цистерни стационирани на бугарскиот аеродром „Васил Левски“.
„Бугарија не е во војна. Никакви борбени авиони не ја користат Бугарија за учествување во операциите“, кажа министерот за надворешни работи Марин Рајков.
Претходно неколку земји кажаа дека не дозволуваат пристап на американските воени авиони да користат нивни бази.
