Фото: Принтскрин
На 31 март 2021 година, македонската фудбалска репрезентација забележа една од најзначајните победи во својата историја, совладувајќи ја Германија со 2-1 на гости.
Горан Пандев донесе водство за Македонија во судиското продолжение на првото полувреме, а во вториот дел Илкај Гундоган реализираше пенал за израмнување.
Меѓутоа, кога се чинеше дека Германија ќе направи пресврт, Елиф Елмас во 85. минута постигна гол за конечни 2-1.
