Фото: Принтскрин
Италија нема да прифати американски воени авиони да слетаат во воздухопловната база Сигонел на Сицилија пред да полетаат кон Блискиот Исток.
„Кориере дела Сера“ објави дека американски бомбардери требало да слетаат во базата, пред да го продолжат патот кон Иран, но не им била дадена дозвола.
Дозволата не била издадена затоа што САД не барале официјално одобрение, ниту се консултирале со италијанската војска.
Претходно вакво нешто одби и Шпанија, која им забрани на американските авиони да ги користат базите.
