Фото: Принтскрин
Фронтменот на групата „Тропико Бенд“, Александар Цветковиќ познат како Сале Тропико призна дека доживеал помал мозочен удар.
Пејачот откри дека тоа му се случило додека бил во трговски центар со неговите малолетни ќерки, а веднаш реагирала Итната помош.
„Дојде Итна помош по мене, ме прашаа дали сум пиел, а јас им кажав дека не сум конзумирал алкохол. Прво се посомневаа на сончаница затоа што заспав на сонце додека бевме на море, но потоа направија скенер и ми кажаа дека сум имал мозочен удар“, откри пејачот.
