Фото: Принтскрин
Едно лице е уапсено од полицијата под сомнение дека извршило убиство.
„На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство од слобода е лишен неговиот син“, соопштија од МВР.
Осомничениот кажал дека татко му починал претходниот ден околу 14.50 часот во купатило, но не се јавил кај надлежните служби.
