Фото: ChatGPT
Минатата вечер пристигна тажна вест дека починал 63-годишниот професор по виолина и македонски музичар Зоран Маневски.
Маневски има потекло од Велес, но работниот век го помина во Битола, каде што бил исклучително посветен на работата.
Познатиот музичар во кариерата настапуваше во групата „Негрос“, како и „Мегдан“, а има настапувано со „Битолски Конзули“.
Неговите настапи на фестивали како „Валандово“, „Цветници“ и други ќе се паметат засекогаш.

