Фото: Стојанче Јовановски
Стојанче Јовановски денеска седна на обвинителна клупа, а мајката на загинатата Ивана, Љубица Стојановска сведочеше за односите во бракот на својата ќерка.
Мајката кажа дека Ивана постојано живеела во страв дека може да остане без Катја. „Катја ги користеше зборовите како ‘куво’, ‘дољо’, затоа што Стојанче така ја нарекувал Ивана. Таа ми кажуваше дека тој ја шутирал“, раскажува мајката.
Љубица открива дека често можела да забележи дека Ивана има модринки по рацете, нозете и на други делови од телото.
„Се сомневав дека ја тепа, но таа не сакаше да признае. Ми кажуваше дека ќе биде во ред, а јас ниту еднаш не го прашав зетот, затоа што сметав дека сами ќе си ги решат проблемите“, раскажува Љубица.
