Фото: Принтскрин
Претседателот на САД, Доналд Трамп се наоѓал на својот голф терен во Вест Палм Бич во момент кога дрон се појавил во близина на претседателскиот авион Ер-Форс 1 што предизвика тревога.
Инцидентот е откриен преку видео-снимка на пилот на компанијата „Делта ерлајнс“ кој ги известил патниците за забрана за движење на пистата поради нарушување на безбедноста.
Присуството на беспилотно летало предизвика прекин на сите полетувања за да се потврди безбедноста во околината.
Иако Трамп денеска планираше да се врати во Белата Куќа, сепак известувачи потврдија дека неговиот авион во времето на инцидентот не бил во лет и дека претседателот на САД се наоѓал на голф-терен.
Снимките погледнете ги тука ↓
