Фото: Принтскрин
Поминаа 24 часа откако Ребека и Мелиса исчезнаа, па се води истрага за девојчињата од четири и пет години во романското место Тарнавени.
Девојчињата последен пат беа забележани вчера попладне додека си играле на неколку метри од својот дом, во населбата на периферијата на градот.
Откако семејството го пријави нивното исчезнување, почната е голема потрага во која учествуваат стотина полицајци, спасители и волонтери.
Во акцијата се вклучени и термални дронови, како и кучиња трагачи, но досега се пронајдени само играчки кои им припаѓале на девојчињата.
Постои сомнеж дека девојчињата се киднапирани, а дел од жителите тврдат дека во подрачјето се забележани и сомнителни возила.
