Фото: Принтскрин
Основното јавно обвинителство во Кочани изврши увид на локација во близина на Виница, каде беше пронајдено тело на маж со прострелна рана нанесена од огнено оружје.
Според првичните информации од истрагата, станува збор за ловочувар кој бил дел од организирана група за комерцијален лов. Овој факт отвора дополнителни сомнежи и прашања за околностите под кои се случил настанот.
Надлежните органи соопштија дека во тек се интензивни активности за прибирање докази. Се вршат претреси, како и стручни вештачења на пронајдените траги, со цел да се утврди точниот тек на настаните.
Во рамките на истрагата, приведени се тројца странски државјани и едно лице од Македонија, кои биле дел од истата ловна група. Се испитува нивната можна вмешаност во инцидентот.
До целосно расчистување на случајот, осомничените остануваат под надзор, а истрагата продолжува во насока на утврдување на сите факти и евентуална одговорност известува Скопје1.
