Фото: Принтскрин
Според неофицијални информации, српскиот пејач Аца Лукас бил задржан од граничните служби при пристигнувањето во Гетеборг.
Инцидентот се случил за време на пасошката контрола, непосредно пред закажаниот концерт на кој требало да настапи заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гиле Јашарспахиќ. Додека неговите колеги без проблем влегле во земјата, Лукас се соочил со пречки при влезот.
Извори блиски до ситуацијата тврдат дека по дополнителни проверки, на пејачот не му било одобрено да ја помине границата. Причините за ваквата одлука засега не се јавно објавени.
Во моментов, тој се наоѓа под надзор на надлежните служби и чека понатамошна постапка. Неофицијално, се очекува дека во наредниот период може да следи и негово враќање од земјата.
