Фото: Принтскрин
Во текот на ноќта избувнал пожар во дискотеката „Kiss klub“ во градот Кел, сместен во германската покраина Баден-Виртемберг. Според информациите од полицијата, во моментот на инцидентот во објектот имало приближно 750 посетители.
Пожарот започнал околу 3:45 часот и за кратко време се проширил низ целата зграда. Поголемиот дел од присутните успеале навреме да ја напуштат дискотеката пред пристигнувањето на пожарникарите.
Причините за избувнувањето на огнот засега не се утврдени. Според досегашните информации, нема сериозно повредени лица, додека три лица побарале лекарска помош.
Овој клуб е познат по својата музичка програма, особено хип-хоп и афро жанрови, и привлекува посетители и од околните региони, вклучително и од соседна Франција.
