Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Детали за убиството во Охрид: Жртвата сакала да го раскине договорот за издржување, па Грозданоски решил да му „пресуди“

Gladiator 28/03/2026

Фото: Жарко Грозданоски

Обвинителството отвори истрага по убиството во Охрид, а откри и детали како се случило злосторството кое ја потресе Македонија.

„На 25 март, осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница од користољубие лишил од живот едно лице. Делото го извршил во куќата на оштетениот во Охрид, со цел да го спречи сега починатиот Климе Митрески да го раскине договорот за доживотна издршка кој го склучиле кај нотар во февруари 2025 година. Според договорот, осомничениот по смртта на оштетениот требало да добие голем имот. Но осомничениот веќе презел дејствија за раскинување на тој документ.

По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт. Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, го напуштил местото.

Присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео надзор поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка обезбедени се и други снимки од видео надзор за неговото движење, како и други материјални докази.

Во конкретниот случај сомненијата упатуваат на особено тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор, што го прави ризикот од бегство значителен, а од извршувањето на делото осомничениот веќе презел дејствија за прикривање на трагите.

Имајќи ги предвид овие околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, сокривање или уништување на трагите на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Еве која песна Дарко Лазиќ му ја посвети на починатиот брат – секој збор боли, публиката се расплака
Next: (ВИДЕО) Емотивна снимка по првиот настап на Дарко Лазиќ по смртта на неговиот брат

Најново

  • (ФОТО) Марија го запалила силувачот на својата ќерка и го гледала како гори жив
  • Крстовден е ден за пост и духовно прочистување: Старите обичаи велат дека ова растение треба да има посебно место во домот!
  • (ФОТО) Се ожени познатиот доктор: Со емотивна порака ја откри љубовната приказна!
  • Рано утрово регистриран земјотрес: Тлото се затресе во регионот!
  • (ФОТО) Нов вандалски чин во Карпош 1: Уништени делови од детско игралиште!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Марија го запалила силувачот на својата ќерка и го гледала како гори жив

(ФОТО) Марија го запалила силувачот на својата ќерка и го гледала како гори жив

27/09/2026
Крстовден е ден за пост и духовно прочистување: Старите обичаи велат дека ова растение треба да има посебно место во домот!

Крстовден е ден за пост и духовно прочистување: Старите обичаи велат дека ова растение треба да има посебно место во домот!

27/09/2026
(ФОТО) Се ожени познатиот доктор: Со емотивна порака ја откри љубовната приказна!

(ФОТО) Се ожени познатиот доктор: Со емотивна порака ја откри љубовната приказна!

27/09/2026
Рано утрово регистриран земјотрес: Тлото се затресе во регионот!

Рано утрово регистриран земјотрес: Тлото се затресе во регионот!

27/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Марија го запалила силувачот на својата ќерка и го гледала како гори жив
  • Крстовден е ден за пост и духовно прочистување: Старите обичаи велат дека ова растение треба да има посебно место во домот!
  • (ФОТО) Се ожени познатиот доктор: Со емотивна порака ја откри љубовната приказна!
  • Рано утрово регистриран земјотрес: Тлото се затресе во регионот!
  • (ФОТО) Нов вандалски чин во Карпош 1: Уништени делови од детско игралиште!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.