Фото: Божидар Грозданоски
По убиството кое се случи во Охрид, Обвинителството објави детали за тоа како осомничениот Ж. Г. го извршил злосторството, што предизвика голема осуда во јавноста. Неколку часа по соопштението на Обвинителството се јави и неговиот син Божидар кој испрати порака и кажа дека неговиот татко помогнал на стотици луѓе, а брвеничани и тетовчани добро го познаваат Жарко.
„Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот ТАТКО, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија.
За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што ја дал и животите кои ги спасил.
Брвенчани и Тетовчани а и Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек“, напиша тој.

