Фото: Принтскрин
Ирански службеник оваа недела достапи листа со барања за крај на војната со Израел и САД, но сега додаде и еден услов кој досега не бил баран, а тоа е признавање на иранскиот суверенитет над Ормускиот теснец.
Низ тој пат поминува петтина од светската нафта и природниот плин, а тоа во моментов е најмоќно оружје на Иран. Тоа сега сакаат да го претворат во потенцијални милијарди долари годишно и средство за притисок, пишува „Си-Ен-Ен“.
Иран долго време се закануваше со затворање на теснецот во случај на напад, а тоа ќе биде голем удар врз светот доколку се случи.
„Тоа не само што е противзаконско, туку е неприфатливо и опасно за цел свет“, кажа Марко Рубио.
