Фото: Принтскрин
Претседателот на САД, Доналд Трамп кажа дека Иран сака да постигне договор за крај на војната која трае со недели.
„Тие преговараат и сакаат да постигнеме договор, но се плашат да го кажат тоа затоа што мислат дека нивните луѓе ќе ги убијат“, кажа Трамп.
Американскиот претседател не сакаше јавно да открие со кого преговараат во Иран, но кажа дека веќе имале успешни разговори.
