Фото: Христијан Мицкоски
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски одговори на прашање на Скендер Реџепи за употребата на јазиците и правичната застапеност.
„Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо“, кажа Мицкоски.
Мицкоски посочи дека Уставот го дефинира македонскиот јазик како официјален на цела територија на државата, а албанскиот и останатите се користат во согласност со законски одредби за локална самоуправа.
