Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил сподели видео од посетата на трговскиот центар „Галерија“, кое за кратко време го привлече вниманието на јавноста.
На видеото се гледа како неговиот син Вукан, по оброк во Мекдоналдс, го предизвикува татка си на натпревар во борење раце. Малиот Вукан изненадувачки лесно успева да го победи.
„Одлично се најаде и без многу напор ме совлада“, напиша Вучиќ во описот на објавата.
Веста ја пренесува Sremski.info
