Фото: Принтскрин
Полицијата во Лесковац објави дека македонскиот државјанин Н.К. (33) бил приведен откако прегазил 57-годишен пешак додека возел камион на автопат.
Пешакот починал на лице место, додека полицијата го пронашла осомничениот и го привела во станица.
Осомничениот ќе остане во притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител и ќе му биде поднесена кривична пријава.
