Фото: Принтскрин
Македонија вечерва од 20.45 часот ѝ гостува на Данска во Копенхаген, а селекторот Гоце Седлоски ги кажа своите очекувања од натпреварот.
„Сите сме фокусирани, сите дишеме како едно семејство, а така ќе биде и по овој натпревар. Данска има одлични играчи, но сè зависи од тоа како ќе се поставиме на теренот. Треба да ‘изгинеме’ на теренот.“, кажа Седлоски.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на „Паркен“ од 20.45 часот.
