Фото: Принтскрин
Колумбиецот Себастијан Херера вечерва го има своето деби во дресот на македонската репрезентација на гостувањето во Данска, а уште пред почетокот на натпреварот привлече внимание со својата емоција.
Тој со полн глас ја пееше македонската химна, јасно покажувајќи колку му значи повикот во националниот тим.
