Фото: ChatGPT
Познатиот македонски режисер Оливер Мицевски почина на 46-годишна возраст, а информацијата ја објави Народниот театар Битола.
„Народниот театар Битола изразува искрено сочувство до семејството на прерано починатиот режисер и наш соработник, Оливер Мицевски.
Оливер Мицевски ќе остане запаметен како режисер на претставата „Едмонд“, која остави силен белег на сцената на Народен театар Битола.
Неговата посветеност, креативност и уметничка визија ќе продолжат да живеат преку неговите дела“, соопштија од Народниот театар.
