Фото: Клиничка Болница Штип
Денеска почина еден од најпочитуваните доктори – педијатри во Штип и пошироко, д-р Методи Шеќеринов, објавија од Клиничката Болница Штип.
„Познат на штипјани како посебно образован ,пожртвуван и енергичен доктор кој со својата непосредност кон најмладите пациенти,создаде авторитет на познат и признат детски доктор. ЈЗУ Клиничка болница-Штип ,изразува најдлабоко сочувство кон семејството“, се вели во објавата.
