Фото: Chat GPT
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва во 20.08 часот бил почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил во Република Грција, односно на околу 290 км југоисточно од Скопје, а истиот бил со интензитетот од ML4.9 според Рихтер.
Ова е втор земјотрес кој е почувствуван во Македонија, откако и во текот на денот беше регистриран во близина на Скопје.

