Фото: Принтскрин
Професорката по француски јазик Кјара Мочи е тешко повредена откако денеска била нападната со нож од 13-годишен ученик во училиште кај Бергамо, Италија.
Ученикот, кој носел маичка со натписот „Одмазда“, ѝ се добилиж на наставничката и ја прободел во вратот.
Освен поради лошите оценки, ученикот наводно сакал одмазда и поради инцидент во кој учителката застанала во одбрана на нејзин колега со кој се карал.
Повредената наставничка со хеликоптер била пренесена во болницата „Папа Џовани“, каде што била итно оперирана.
